
Болницата „Д-р Органџиски“ во објава на Фејсбук сподели дека се случило чудо.
Како што велат во објавата, после 23 години борба со неплодност, 7 неуспешни ИВФ процедури во други клиники и на 53-годишна возраст – во нивната болница била постигната успешна бременост.
Посочија дека пред започнувањето на ИВФ постапката, била направена детална подготовка со лапароскопија и хистероскопија, со цел создавање оптимални услови за успешна имплантација.
„Оваа приказна не е само медицински успех, туку и доказ дека надежта никогаш не треба да се изгуби. Со посветеност, искуство и индивидуален пристап, успеавме таму каде што претходно изгледало невозможно. Секој пациент е различен, но секоја приказна заслужува шанса за среќен крај. Горди сме што сме дел од едно вакво животно патување и што можеме да донесеме насмевки таму каде што долго време имало неизвесност. Надежта живее. Чудата се случуваат“, порачаа од болницата Д-р Оганџиски.