Плоштадот Филип Втори - раскопан, запуштен, со дупки, вирови и див паркинг

(фото: СДК)

Плоштадот Филип Втори е во очајна состојба, иако е еден од поновите плоштади изградени во Скопје. Тој е влез во Старата скопска чаршија и е мошне фреквентна пешачка локација. Претставува комплекс од четири фонтани со скулптури на Филип Втори и Олимпијада, мајката на Александар Македонски.

Иако замислата за овој плоштад е нешто сосема друго, во моментов сликата е многу лоша. 

Раскопан, запуштен, со дупки, вирови, расфрлени шипки, железа и паркирани коли, ваква е сликата во моментов таму. 

Од Град Скопје велат дека тоа е што е, и дека во блиска иднина не планираат реновирање на истиот, односно до наредната година. 

За изградбата на плоштадот „Филип Втори“ беа потрошени 11 милиони евра.