Плажите во Грција празни - еве како се движат цените таму

Дека Грција оваа година ќе биде скапа туристичка дестинација најавуваат цените на плажите веднаш по нивното официјално отворање.

Па така, на плажата Астерас Вуљагменис близу Атина две лежалки и чадор чинат неверојатни 80 евра. На плажата постојано се врши дезинфекција, а кафе може да се земе само за носење, а храната која ќе ја јадете на вашето место  мора да биде спакувана. Сепак сликите од вчерашниот ден покажуваат дека ова се превисоки цени за Грците па така плажите и рестораните останаа празни.

За туристие дополнителен трошок ќе биде и задолжителниот корона тест кој во просек чини 50 евра.