Платите се покачија за над 3.000 денари, се пофалија од СДСМ

Од СДСМ денеска преку соопштение порачаа дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. 

-Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната плата за месец јули изнесува 31.812 денари односно за 11.5 отсто повеќе од истиот месец од 2021 година. Во апсолутен износ тоа е за 3.200 денари повеќе за само една година, порачаа од СДСМ. 

Од партијата се пофалија дека, во услови на светска економска и енергетска криза, како што велат, преку одговорни и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ обезбедува стабилност и конкурентност на домашната економија.