Плати повисоки за 12% за наставниците, еве кога почнува наставата

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера по тричасовниот состанокот на СОНК и претставници на Владата, ги соопшти заклучоците. Тој откри дека се усогласиле со ставовите на Владата, за покачување на сегашната плата на наставниците за додатни 12%. 

„Се усогласивме со ставовите на Владата, каде во рамките на можностите на државата, во рамки на тоа во овој момент што може да се издвои за зголемување на платите во дејностите детска заштита, основно и средно образование, дојдовме до заеднички процент на зголемување на платите, кое би почнало од месец јули, најдоцна до месец јули, со завршување на ребалансот и процесуирање на средствата, од 12 % од сегашните плати, со додатоците кои следуваат врз договорот“, изјави Неделков.

Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека учениците евентуално во училишните клупи би се вратиле во среда.

За денеска е планирана средба во СОНК со цел да се донесе одлука за официјално завршување на штрајкот. 

Во однос на изгубените часови и дали ќе има одлужување на државната матура, Неделков кажа дека овие работи би биле објаснети, по завршувањето на денешниот состанок.