Плаќате најскапа храна и струја - збор не кажавте, ама за кучињата три дена кукате, вели Тасевски

Продолжуваат препукувањата во јавноста поради кучињата скитници, откако пред неколку дена беа убиени голем број животни, по што за денеска е најавен протест пред Владата.

Актерот Сашо Тасевски вели дека за кучињата скитници се кренала голема „бура“ на социјалните мрежи, но за некои други работи воопшто нес е зборува.

- Ве бришат од меморијата на светот како Македонци. Сакаат јазикот да ви го наречат бугарски, историјата бугарска... Ви сменија име... Иднината на вашите деца и потеклото им го сортираат. Плаќате најскапо за храна и струја во Европа. Збор не кажавте. Солза не пролеавте. Ама за кучињава скитници, три дена кукате. Ако сте вие нормални, си го сечам...Увото ко Ван Шлог. Ко секта сте бе. Страв да го фати чоек. Џим Џонс, сајантолози, мормони и јеховини сведоци, не можат да се мерат со вас. Психијатрите треба да засукаат ракави до рамо, пишува актерот.