„Пивтијада“ во понделеник во Гази Баба - Ќе се продаваат пивтии, средствата одат за Детската клиника

Со хуманитарен, натпреварувачки и  забавен карактер, Пивтијадата во Гази Баба повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата.

Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести.

Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија,  најдобрите три ќе бидат наградени.

 Во забавниот дел свои настапи ќе имаат Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“. 

Градоначалникот на гази Баба Бобан Стефковски упати повик до сите граѓани,

– Дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика! Понеделник, со почеток во 13 часот на плоштадот Автокоманда.