Пиво, музика и скара - Вечерва во Прилеп почнува „Пивофест 2025“

Вечерва започнува „Пивофест“ во Прилеп.

Присутните ќе може да уживаат во вечер посветена на македонската музичка традиција. Под отворено небо ќе настапат Камерниот оркестар од Битола со Наде Талевска, а свои настапи ќе имаат и Андријана Јаневска, Антониа Гиговска и Ристо Самарџиев.

Сабота пак, 19-ти јули, е резервирана за легендарниот пејач од соседството – Харис Џиновиќ за кој се очекува да ја подигне атмосферата до самиот врв. 

Фестивалската магија на ова издание на „Пивофест“ ќе кулминира во недела, 20-ти јули, кога на сцената ќе се искачи харизматичниот Никола Роквиќ. Со својот моќен глас и безвременски хитови, тој ќе ја заокружи оваа тројна музичка експлозија. 

Органзиаторите со покана на добра музика, пиво и одлична скара.