Пита со фил од кисела зелка и праз

Трикот е во тоа да користите готови кори. Ќе заштедите повеќе време од што можете да замислите. 

Состојки:

Едно пакување кори
Една кисела зелка
Еден праз
Зачини
50 мл минерална вода
50 мл масло за јадење

Подготовка:

Киселата зелка ситно исецкајте ја и оставете ја убаво да се исцеди преку крпа. Притиснете добро за да излезе течноста. 

Исецкајте го празот и ставете го да се пропржи во длабока тава. Додајте ја исцедената зелка и пржете на тивко, со зачинување по желба. 

Филот треба да биде убаво изладен пред да почнете да филувате. 

Загрејте ја рерната на 180 степени. 

Ставете кора на дното на тавата за печење, попрскајте со смеса од минерална вода и масло и ставете уште две кори. Ставете од филот, па наредете од корите, нагужвани, за да има волумен и попрскувајте со смесата од масло. Повторувајте додека имате кори. 

Најгоре премачкајте со остатокот од мешавината со масло. Печете околу 30 минути.