Писмо за оној кој не знаеше да ме цени

Писмо до мажот кој не знаеше да ја цени жената која го сакаше...

Имаше шанса, ама ја уништи. Верувам во втори шанси, но јас ти дадов милион – и сите ги уништи. Ги злоупотреби. 

Имаше можност да допреш до мене, кога со тебе споделував секакви детали кои никому ги немав кажано дотогаш. Тоа беше твојата шанса, да ме пронајдеш онаму каде што се криев од сите останати. 

Имаше шанса да ги срушиш сите мои ѕидови, затоа што навистина ти верував. Ти зборував за своите скршени срца и се надевав дека нема да бидеш уште еден од оние кои ќе го сторат тоа.

Ти зборував за моето минато и се надевав дека нема да станеш дел од него. Ти зборував за моите соништа и се надевав дека и ти ќе бидеш дел од нив. 

Имаше можност да ме засакаш, тогаш кога бев подготвена да ти го дадам срцето и кога бев подготвена да ѕирнам во твоето – и таму да го видам и најсветлиот и најмрачниот дел од тебе. 

Плачев доволно, а ти никогаш не ми ги избриша солзите. 

Постојано барав изговори за тебе, но веќе ги немам. 

Добрата работа кај луѓето што даваат многу шанси на другите е што лесно можат да ги повлечат.

И на крај не прифаќаат премислувања.

Имаше шанса – не ја искористи.

Имаше шанса – ти ја донесе својата одлука.

И јас ја донесов својата одлука. Ќе најдам некој кој ме заслужува. 

Затоа што не се работи за тоа колку шанси ќе даде човек, туку кому ќе му ги даде.