Писмо од една мајка до нејзиниот син: Моето срце е полно само кога ти си среќен и спокоен

Денот кога дојде на свет беше најсреќниот ден во мојот живот. Кога те прегранв силно и ти реков: Ќе ти дадам сѐ што немав јас. Ти ветив дека нема да дозволам да ме забележиш кога сум тажна, дека ќе ти бидам мајка, пријател и најголема поддршка.

Понекогаш се лутиш и ја вртиш главата, кога не ти дозволувам сѐ што сакаш. Плачеш на моето „не“, а со насмевка ми враќаш кога сѐ ти е како што треба.

Знам дека не сум најсовршената мајка на светот, и дека често те лутам. Но верувај, сите нешта кои ги правам ги правам само за твое добро, за твојата иднина. Некогаш ме сакаш, некогаш ме обвинуваш, некогаш не ми зборуваш, но цело време те сакам највеќе на целиот свет.

Моето срце е на место, само кога ти си среќен и задоволен. Секоја твоја насмевка создава насмевка на моето лице, без оглед на тоа каков ден сум имала. Не знам што ќе донесе иднината, но сакам да знаеш дека навистина се трудам од петни жили за да бидам најдобрата мајка за тебе. Јас не се натпреварувам со другите мајки, се натпреварувам само сама со себе, за да бидам најдоброто нешто за тебе, секој ден.

Тебе деновите ти минуваат брзо, брзо растеш и созреваш, но за мене секој ден е нова борба да те направам среќен и да го исполнам и твоето срце со среќа постојано. Јас ги бројам сите твои солзи, насмевки, љубови и лутења.

Ти си мојот син, моето најголемо богатство.