
Пиштол и куршуми пронајдени на нива во струшко.
- На 06.01.2026 во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми. Увид на местото изврши полицискa екипa, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка, известија од МВР.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.