Ова е рецепт за поинакво, но многу вкусно пире.
Photo by Anna Stampfli on Unsplash
Потребни состојки:
6 сварени големи компири или 4 шолји подготвено пире
8 лажици млеко
4 лажици павлака
4 лажици пармезан
3 лажици путер
Малку сол
Начин на подготовка:
Подгответе го пирето со тоа што ќе ги изблендирате добро сварените компири или пак ќе го подготвите пирето според насоките на кесичката. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса и изедначете го со млекото.
Додека смесата е уште топла, додадете го путерот и убаво измешајте додека не се стопи и изедначи во смесата. Потоа, додадете ја павлаката и убаво мешајте. На крајот, додадете го пармезанот и солта.
Пирето е подготвено за сервирање.