
Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во текот на вчерашниот ден ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „eр трактор“.
Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор.
Со тренажните активности, додаде тој, биле проверени и потврдени ефикасноста и подготвеноста на екипажите, како и техничката исправност на трите авиони „ер трактор“, кои се во состав на Дирекцијата.