Пилешко со печурки во кари сос

Повкусно во споредба со пилешкото во кари сос приготвено во рестораните, а лесно за подготовка! Во потрага сте по совршен рецепт за пилешко во кари сос или пак ви треба идеја што да приготвите за ручек? Имаме супер испробан рецепт за пилешко со печурки во кари сос..

Идеално за викенд ручек или пак штом ви се најават гости, а сакате да ги изненадите со домашен специјалитет. Ова е рецепт кој вреди да се проба! Од наведените состојки ќе добиете 4 порции од овој специјалитет.

Состојки:

  • 500 г пилешки стек
  • 3 лажици Брилијант маслиново помас масло од Витаминка
  • 100 г маринирани сечкани шампињони
  • 2 лажици брашно
  • 600 мл вода
  • 200 г неутрална павлака
  • 1 лажица кари од Витаминка
  • морска сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешкиот стек исечете го на коцки. 
  2. Во тенџере ставете 2 лажици маслиново помас масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го стекот. Пропржете го со повремено мешање. Штом забележите течност во тенџерето, покријте со капак и оставете го месото да се динстува на потивок оган околу 10 минути. 
  3. Потоа додајте ги маринираните шампињони и 200 мл вода. Покријте го тенџерето со капак и продолжете со варењето околу 10 минути додека месото омекни. 
  4. Во тенџере ставете една лажица маслиново помас масло. Штом маслото се загрее додајте го брашното и промешајте со жица за матење. Кратко пропржете и додајте 400 мл вода. Штом смесата зоврие додајте ги пилешкото месо и шампињоните заедно со течноста, неутралната павлака и кари зачинот. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Продолжете со варењето 3-5 минути со покриен капак. 
  5. Готовото пилешко со печурки во кари сос послужете го со варен ориз. Уживајте во светот на вкусовите!