Пилешки стек со прелив од путер

Пилешкото месо е одлично за сите кои сакаат да експериментираат со рецепти и различни вкусови. 

Пилешкиот стек има доста неутрален вкус, што го прави погоден за комбинирање со најразлични состојки и подготвување оброци за кои не се потребни некои посебни вештини во кујна. 

Такво е и ова пилешко со млечен прелив од путер.

Состојки:

Три стека
200 мл млеко
Брашно
30 гр путер
Масло
Сол, бибер, оригано

Подготовка:

Од стековите исечете тенки парчиња, како шницли. Зачинете па извалкајте ги во брашно. Во стопениот путер ставете го пилешкото да се пржи, на тивок оган. Додадете го млекото, зачинете по желба, а можете да додадете и уште малку путер за побогат вкус. Динстајте во затворен сад околу 20 минути. Потоа тргнете го капакот, засилете го огнот и гответе го месото во сос уште 10 минути.