Пикасо во Скопје!

Љубителите на уметноста, посебно на делата на Пабло Пикасо ќе можат да уживаат во изложбата која беше отворена во петокот во галерискиот простор на Младинскиот културен центар во Скопје.

Настанот се реализираше во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана. Изложени се 46 графики, цртежи, факсимили и гравури.

Интересот на публиката за изложбата е огромен, а истата ќе биде отворена до 16 март.