Донесете го вкусот на Мексико во вашиот дом.
Состојки:
Едно пакување тортиљи
400 гр мелено телешко месо
2 лажици маслиново масло
Една конзерва варени домати
Една конзерва црвен грав
2 авокада
Сок од еден лимон
Кашкавал
Чили
Подготовка:
На маслото ставете го меленото месо, зачинете по желба со чили и други зачини, а кога ќе добие светла кафеава боја, ставете ги пасираните домати. Можете да користите и готов зачин за мексиканска храна. Откако течноста ќе се изедначи, ставете го гравот.
Авокадата излупете ги и испасирајте ги со сол и сок од лимон. Можете да ставите и сецкани кромид и домат, за да добиете сос сличен на гвакамоле.
Загрејте ја тортиљата, ставете од ренданиот кашкавал, потоа месо и на крај смеса од авокадо. Преклопете и послужете веднаш.
Дополнително, завитканата енчилада можете да ја редите во тава за печење, да прелеете со доматен сос и кашкавал и да потпечете, што всушност е автентичен начин на подготовка, но одзема доста повеќе време.