Пијан велешанец ја тепал партнерката на гости и на улица

Пијан велешанец ја тепал партнерката на гости и на улица. 

- На 10.04.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 40-годишник од велешко село. Според пријавеното, тој најпрво во домот на негов пријател, а потоа и на улица физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. По преземени мерки било констатирано дека 40-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата. 

Тој бил задржан во полициска станица и известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.