„Пежо 306“ изгоре во пожар во Центар

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во Полициска станица Центар С.С.(47) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 19.00 часот на 31.07.2022 до 02.55 часот на 01.07.2022 на подрачјето на Центар настанал пожар на патничко возило „пежо 307“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С..

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.