Денешната средба со амбасадорката на Израел акредитирана за Северна Македонија, Симона Франкел ја потврдува одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, објави на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Двете земји имаат одлично искуство во соработката во одбраната повеќе од десет години кога заеднички го развивавме центарот за обука на пилоти, кој сега е дел од Армијата на Република Северна Македонија, напиша Петровска.
Министерката за одбрана најави дека продолжуваме да соработуваме на сите полиња кои се од заеднички интерес.
– Внесуваме нова енергија и динамика од која силен бенефит ќе имаат и Северна Македонија и Израел, напиша министерката Петровска на фејсбук.