
Приведени петмина турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој.
Од МВР информираат дека вчера од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги привеле М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Турција, поради нерегулиран престој во државата.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.