Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Бучинци ( општина Илинден ) Грушино ( општина Арачиново) , сите приватни трафостаници со волтаици во Мршевци (општина Илинден) како и приватните трафостаници на Моби Мак во Мршевци (општина Илинден ) и Грушино (општина Арачиново )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Кадино (општина Илинден)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Димо Хаџи Димов и Марко Орешковиќ (општина Кисела Вода), дел од корисниците од улиците Костурски Херои и Петар Поп Арсов (општина Центар) како и корисниците од ул. Васил Стефановски. (општина Центар)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Фјодор Достоевски (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 15, 17, 19, 21, 23, 25, 27, 29, 71, 73, 75, 79, 83, 100 и 101 во село Волково (општина Ѓорче Петров).
Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф -100мм на ул. Железничка бб. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците дел од Железничка и дел од Герника. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.