Пет работи што треба да престанете да си ги правите на себеси

 

„Кога ќе престанеме да трчаме по погрешни работи во животот, им даваме шанса на добрите работи да не’ стигнат“. Наместо да правиме повеќе „добри работи“ за да ги промениме нашите животи, понекогаш е доволно само да ги елиминираме „лошите работи“ што веќе ги правиме.

Како што еднаш Марија Андерсон рекла: „Никој не може да се врати назад и да го промени почетокот, но секој може да започне денес и да создаде нов крај“. 

Пред да започнете со овој процес на трансформација, размислете да престанете да правите работи што ве кочат. Еве краток список на она што не треба да го правите од денес…

1. Немојте да се каете

Не го живејте животот со омраза во срцето. На крајот повеќе ќе се повредите себеси отколку луѓето што ги мразите. Простувањето не значи да кажете: „Она што го направи е во ред“. Простувањето значи: „Нема да дозволам тоа што си го направил да ми ја наруши среќата засекогаш“. Во простувањето лежи одговорот, опуштете се, најдете мир, ослободете се! И запомнете, простувањето не е само за другите луѓе, тоа е и за вас. Треба да си простите на себеси, да продолжите понатаму.

2. Не се оптоварувајте со стари грешки

Можеби сакаме погрешна личност и плачеме поради лоши работи, но колку и да згрешиме, едно е сигурно, грешките ни помагаат да ја најдеме вистинската личност и вистинските работи за нас. Сите грешиме, имаме свои борби и жалиме за некои работи од минатото. Но, не сте вие ​​виновни, вие не сте ваша борба, вие сте овде и СЕГА и имате моќ да го обликувате вашиот ден и вашата иднина. Секое нешто, дури и најмалото, што ви се случило во минатото, ве подготвило за моментот што допрва доаѓа.

3. Не трошете време со погрешни луѓе

Животот е премногу краток за да го поминете со некој кој ви ја цица среќата. Ако некој те сака во својот живот, ќе направи место за тебе. Не треба да се борите за тој простор. Никогаш не инсистирајте на некој кој постојано ја занемарува вашата вредност. И запомнете, вашите пријатели не се оние кои се со вас само кога сте јдобро, туку оние кои се со вас кога ви е тешко.

4. Не бидете нешто што не сте

Еден од најголемите предизвици во животот е да се биде свој во свет кој се обидува да те направи како сите други. Секогаш ќе има некој поубав, попаметен, помлад, но никогаш нема да биде вие. Не се менувајте за да ги натерате луѓето да ве сакаат. Бидете свои и вистинските луѓе ќе ве сакаат.

5. Не бидете неблагодарни

Без разлика колку многу или малку имате, будете се секој ден со благодарност. Некаде таму, некој очајно се бори за она што ние го земаме здраво за готово. Наместо да размислувате за тоа што ви недостасува, обидете се да запомните сè што имате и што им недостасува на другите. Во животот ни доаѓаат работи кои ги заслужуваме и кои ќе не научат одредени лекции. Ако постојано мислите дека заслужувате подобро и повеќе, тогаш никогаш нема да научите што е потребно за да растете.

И, се разбира, ако се борите со некоја од овие точки, знајте дека не сте сами. Многумина од нас се тука со вас, работат напорно за да се чувствуваат подобро, да размислуваат појасно и да го живеат живот со полни гради.

Марк Черноф