Пет работи кои Биковите не можат да ги поднесат

 

Кога зборуваме за Биковите, може да користиме многу епитети: Тие се одлучни, силни, упорни, доследни, стабилни, толерантни, одговорни, грижливи, заводливи...

Бикови се сметаат за сидро меѓу хороскопските знаци. Тоа значи дека сакаат стабилност и доследност. Пред сè ценат искреност и не сакаат изневерувања. Но, има работи кои не можат да ги поднесат и кои многу ги вадат од такт. Еве кои се тие.

„Солење памет“

Едноставно е – ако не сакате да ги изнервирате Биковите – не им кажувајте што треба да прават.

Нетрпеливост

Во ниту еден случај немојте да ги брзате Биковите или да бидете немирни во нивна близина. Тие си имаат свое гледиште за времето.

Недостаток на стил

Биковите сметаат дека стилот кажува многу за човекот и облеката не служи само за прикривање на телото. 

Претерано движење кога нема потреба за тоа

Биковите не сакаат луѓе кои постојано се движат, многу гестикулираат и трошат многу енергија на бескорисна активност.

Претерано искажување на чувства

Тие многу љубат и сакаат блискост, но не очекувајте дека во јавност ќе покажуваат чувства.