Пет причини зошто да испиете чаша расол(ница)

Иако зелката сама по себе е многу здрава и хранлива намирница, со процесот на киселење станува уште посилен сојузник во чувањето на нашиот организам од разни здравствени проблеми.

Во текот на киселењето, зелката од себе испушта течност, а тоа занемарено богатство кај народот е познато под името расол. Многумна од вас одамна се запознаени со благодетите на оваа течност, но ние сепак уште еднаш ќе ве потсетиме зошто би требало да и најдете место во вашето дневно мени.

Го зајакнува имунитетот

Консумирањето на расол особено се препорачува во текот на ладните месеци. Есента и зимата со себе носат разни бактерии и вируси кои предизвикуваат здравствени проблеми, а расолот е преполн со компоненти кои го зајакнуваат имунитетот. Витамин Ц, Витамин Б, калциум, магнезиум, железо и цинк се само дел од богатството кое се крие во оваа течност.

Го регулира метаболизмот

Имате проблем со опстипација? Ќе ја реши една чаша расол. Добрите бактерии кои настануваат во расолот при ферментацијата внесуваат баланс во цревната флора и ја одржуваат здрава.

Го олеснува слабеењето

Расолот е нискокалорична намирница, а истовремено содржи многу влакна и витамини и делува како пробиотик, поради што се покажал како одличен додаток на исхраната за време на диета. Доволно заситува за да може да замени еден меѓуоброк и да ги редуцира нездравите маснотии.

Го ублажува мамурлакот

Ако случајно сте испиле некоја чашка повеќе џин-тоник со другарките, сите нуспојави од забавното дружење ќе ги ублажите со расол. Тој експресно ќе ги надополни изгубените електролити и ќе му помогне на организмот да се хидрира.

Ги зацврстува коските

Важна улога за здравјето на нашите коски има витаминот К2. Тој ги активира протеините кои помагаат во апсорпција на калциумот, неопходниот минерал на човекот кој ги храни коските. Токму во расолот и во киселата зелка се наоѓа витаминот К2.