Пет показатели кои укажуваат на тоа дека вашиот живот набргу ќе се промени драстично

„Без промени, нешто спие во нас и ретко се буди. Тој што спие мора да се разбуди.“ – Френк Херберт

Понекогаш кога мислиме дека нашите животи се распаѓаат, ние не гледаме дека всушност тогаш работите си доаѓаат на свое место. Иако промените не се секогаш добродојдени, а нам тоа ни делува и хаотично, тоа е затоа што сѐ се преместува за да се синхронизира со нашите вистински намери и желби.

Се чувствувате изгубено

Најдобар начин да се пронајдете себеси е да се изгубите. Сите сме слушнале за таа изрека. Сепак, тоа звучи малку чудно, додека не успееме да сфатиме зошто е тоа така. Кога ќе се изгубите, немате насока, а кога немате насока, немате желба. Кога немате желба, немате потреба за ништо, а кога немате потреба за ништо, тогаш вашата душа зборува. Иако можеби чувствувате дека сѐ е надвор од ваша контрола, вие во овој момент сте во јасната и совршена диспозиција на прифаќање на поголеми спознанија за желбите на вашето срце. Тоа ве става на нов пат, оној кој ве ускладува со вашиот ум, тело, срце и душа. 

Сѐ што не ви се допаѓа ви станало неподносливо

Не постои ништо слично на чувството на раздразливост. Се појавува од никаде-некаде, а кога ќе почнат да ви пречат мали работи кои порано никогаш не ви пречеле, тогаш знаете дека промената доаѓа. Така и мора да биде. Постои одредена количина негативност која можеме да ја издржиме, пред конечно последната капка да ја прелие чашата. 

Излегувате од вашиот оклоп

Дали сте забележале дека одредени периоди од вашите животи се набиени и полни со различни случувања, што дури и имате чувство дека не можете да постигнете? А остатокот од годината е одбележан со самотија и изолација? Должината на тие циклуси може да варира, но сите поминуваме низ овие периоди. Овие периоди ни се потребни кога настојуваме да го обликуваме нашиот поглед кон светот. Интроспективните периоди нудат емоционален, психолошки и духовен развој, додека надворешните импулси нудат искуства, патувања и нови перспективи. Кога ќе излезете од овој период, тоа е како „мини-раѓање“. Тоа значи дека сте земале време да наполните батерии, да ги размислите работите, за да се насочите кон нови цели, насоки и нов живот. 

Синхронизација

Нема ништо поубаво од суптилни докази од Универзумот дека сте на вистинскиот пат. Кога сте пред големи промени во животот, сите работи во вашиот живот и душа почнуваат полека да се синхронизираат.

Истовремено се чувствувате исплашено, возбудено и вознемирено

Кога нешто е застрашувачко и возбудливо, треба да го направите тоа. Во овој момент можете да почувствувате дека нешто големо ќе се случи и се гради моментумот. Немате поим што можете да очекувате и не можете да дочекате да видите што ве чека на другата страна на тунелот. Бидете трпеливи во овој период, останете отворени кон животот.