Пет новини од Халк Банка кои го олеснуваат управувањето со средствата на граѓаните

Работа, шопинг, дружење или седење дома – кризата од Ковид 19 суштински промени многу работи.  Таа беше причина границите да се затворат и да се помине повеќе време со семејството, со други зборови животот го ставивме на пауза, но не и секојдневните обврски, потреби и финансии.

Во ваква ситуација, соодветно на одговорноста што мора да ја има секој поединец, секоја компанија, Халкбанк АД Скопје се потруди да одговори со ургентно донесени мерки, како за државата, така и за населението и за стопанството во насока на олеснување на состојбата.

Мотото на банката е  „Важни се луѓето“ кое е основа на нејзиното работење. Тоа подразбира грижа за вработените, грижа за клиентите и деловните партнери и грижа за заедницата. Оваа парадигма го одбележа работењето на банката минатата година, но предизвиците продолжуваат и оваа година.

Во насока на остварување на предизвиците, а во контекст на остварување на мотото „Важни се луѓето“ , ова се пет услуги и производи кои се креирани со цел олеснување на управувањето со средства од страна на граѓаните.  Услуги кои заслужуваат внимание и чиста „петка“:

Нова Visa Gold картичка

Поголема куповна моќ за клиентот со минимален месечен износ за враќање на средства од само 3%, со полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување.

Производот е наменет за физички лица со редовни месечни примања- приматели на плата/пензија во Халкбанк АД Скопје и/или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит. Станува збор за бесконтактна картичка со кредитен лимит до максимум 600.000,00 мкд во зависност од кредитоспособноста на клиентот и минимален месечен износ за враќање на средства од само 3%, кој понатаму може повторно да се користи. Без жиранти, без административна забрана од плата и без трошоци за одобрување.

SmartSend – ѕвони ми на сметка!

Со оваа услуга на Халкбанк повеќе не морате да бидете експерти и да пополнувате уплатници истражувајќи која беше шифрата на плаќање што требаше да се искористи, начинот на плаќање и слично.

SmartSend услугата овозможува лесно и брзо префрлување средства со избирање на контакт од вашиот телефонски именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана услуга Smart Send. Услугата е наменета за физички лица со активна трансакциска сметка кои се корисници на електронско и мобилно банкарство.

Смарт Кеш

Потребна ви е готовина Вам или на некој Ваш близок но сте ја заборавиле картичката дома?

Услугата Смарт Кеш овозможува повлекување готовина од АТМ на Халкбанк АД Скопје без употреба на картичка. Услугата е наменета за физички лица со активна трансакциска сметка кои се корисници на електронско банкарство и дебитна картичка. Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација генерирате код може да го искористите Вие или да го испратите на некој Ваш близок кој треба да го искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа. На овој начин добивате поголема флексибилност при користењето готовина особено во рамките на новонастанатите услови на пандемија и ограничено движење.

GarminPay – Плаќај со твојот часовник

Garmin Pay е нова опција  и современо решение за бесконтактно плаќање.

Без разлика дали сакате да платите за вашата вода по утринско џогирање, кафе со вашите пријатели или шопинг за целото семејство, повеќе не ви треба паричник, бидејќи со Garmin Pay плаќате брзо, лесно, без допир само со приближување на вашиот паметен часовник Garmin до уредот за плаќање.

Оnline депозит

Секој момент е добар момент за започнување со штедење.

Online депозитот на Халкбанк може да се отвори преку електронското банкарство во неколку едноставни чекори. Минималниот износ за отворање на депозитот е 50 евра, а максималниот износ е без ограничување. Рокот на орочување е 6,12 или 24 месеци. Договорот за електронско орочување на депозит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма со употреба на VASCO токен.

Повеќе информации за овие и сите други производи и услуги на Халк Банка може да прочитате на нејзината веб страна или да се обратите до филијалите на банката.