Пет нешта во сексот кои секоја жена потајно ги посакува

Секој маж сака потврда за својата сексуална моќ и потврда дека добро се „покажал“. Ви откриваме пет нешта што секоја жена потајно ги посакува, а кои ќе ја доведат до точка на „вриење“.

Кога станува збор  за секс, совети никогаш не се доволно. Секоја новост може да придонесе за исполнување на сексуалните фантазии.

Да ја крене

На голем број жени им се допаѓа идејата мажот да ја „зграпчи“ и да ја крене и да ја потпре до ѕид. Превземањето на контролата со страсни бакнежи ќе и покаже колку е неодолива. И самата помисла на такво сценарио може да биде возбудлива.

Да биде помалку груб

Некои жени велат дека се изненадени колку мажите во сексот несакаат да покажат „грубост“. Притоа тука мислиме на заводлива секси дрскост и дозирана „грубост“ која ќе ја доведе жената до точка на „вриење“.

Да ја врзе

Некои жени ги сакаат игрите на доминација. Врзувањето со свилен шал е секси сценарио во кое таа е беспомошна и му се препушта нему.

Полека да ја соблече

Страственото „соблекување“ на облеката секако е пожелно, но бавното соблекување, бавното потпалување на огнот, уживањето во секој дел од нејзиното тело, за поголемиот број жени, може да биде доста возбудливо.

Да иницира секс во јавност

Никој несака да направи некој прекршок, но ненадејното сопирање на лифтот и сексот на брзина не е нешто што не е изводливо. Со доаѓањето на потоплите денови има и повеќе можности. Сепак како и да е, за оваа авантура ќе ви биде потребна дополнителна внимателност.