Пет мудрости за стареењето кои вредат да се прочитаат

Староста може да се смета како есента на нашиот живот. Есента може да биде дождлива  и мрачна, но може да биде и сончева, шарена и топла. Не можеме многу да влијаеме на времето, но може да влијаеме на атмосферата во нас и нашата душа. Затоа изберете да ја гледате староста како есен на прекрасни плодови, бои и топли денови. 

Годините минуваат, бројот на роденденски свеќи на нашата торта постојано се зголемува, но тоа не е причина за тага, туку за среќа и благодарност. Можеби лицето нема да ни биде затегнато како во младоста, но секоја од нив е запис за нашите спомени и трага на нашите насмевки. Не живејте во минатото, мислејќи на тоа колку била убава младоста, живејте ТУКА и СЕГА, затоа што во староста исто може да имате безброј авантури, прекрасни спомени и најубави чувства. Староста е време кога навистина можете да се чувствувате слободно – момент кога имате можност максимално да си угодувате себеси и да си ги исполните желбите. 

Ви пренесуваме пет прекрасни мудрости за староста:

„Немојте да тагувате поради тоа што стареете, на многумина ова им е ускратено, затоа што животот им се подарува на сите, а староста само на одбраните.“ – Олга Аросева

„Стареењето можеби е досадно, но тоа е единствен начин долго да се живее.“ – Бернард Шо

„Со текот на годините некои луѓе се исцрпуваат, додека пак други се пронаоѓаат себеси.“ – Илија Шевелев

„Сега ми е помалку важно што мислат луѓето за мене. Староста има малку поволности, а ова е една од нив.“ – Ијан МекЕван

„Брчките не го прават човекот, туку отсуството на соништа и надеж.“ – Хорхе Анхел Ливрага Рици