Пет митови за Лавовите во кои треба да престанете да верувате

Постојат многу предрасуди поврзани за луѓето родени во хороскопскиот знак Лав, а денес разбиваме пет најголеми митови поврзани за Лавовите.

Не знаат да слушаат

Кога ви е потребна нивната помош и совет, Лавовите ќе ве ислушаат. Ќе го имате нивното целосно внимание. Митот дека не знаат да слушаат доаѓа од фактот што не отстапуваат од своите ставови. Во дикусиите тие секогаш остануваат на своето, но дискусија е една работа, а искрен разговор сосема друга. Лавовите секогаш ќе бидат покрај вас доколку ви треба рамо за плачење.

Мислат дека се подобри од другите

Ова е погрешно. Тие едноставно имаат самодоверба кои се свесни за своите квалитети, способности и постигнувања и не се плашат да зборуваат за нив.

Сакаат постојано да бидат во центар на внимание

Тие сакаат да бидат меѓу луѓе и сакаат да се забавуваат. Потребата да бидат помеѓу луѓе погрешно се доживува како потреба за внимание. Друштвото на други луѓе ги мотивира и сакаат да бидат дел од случувањата.

Тешко е да им удоволите

Не е точно, тие само знаат точно што сакаат и не се плашат да го побараат тоа. И додека некои знаци имаат проблем со изразување на своите потреби, Лавовите веднаш ќе ви кажат ако нешто им недостасува или пречи.

Тие се драматични личности

Тие се страствени, а голема е разликата помеѓу драматичноста и страственоста. Кога нешто им е важно, ќе се посветат на тоа со целото свое битие, без оглед на тоа дали решаваат проблем или постигнуваат цел.