Пет главни правила за врска без обврски што секој маж треба да знае

Бидете искрени

Кога се работи за секс без обврски, многу е важно да се биде искрен. Последно што сакате е да се впуштите во сексуална авантура со личност со која не сте имале претходно отворен разговор за клучните правила по кои ќе се држите.

Дали смеете да се гледате и со други луѓе во текот на врската без обврски? Дали постојат работи кои не се во игра за време на сексот, како аналниот секс или мазење по сексот? Постојат многу теми на кои би требало да разговарате и за кои треба да бидете потполно отворени пред вашата сексуална игра, со цел да избегнете какво било недоразбирање, конфузен однос или повредени чувства.

Нека остане само на забава

Секогаш е потребно добро да се забавувате. Амбиентот кој владее за време на сексот со бенефиции секогаш треба да биде одличен, без никакви компликации со кои би се соочиле во стандардната врска. Ова накратко значи дека ваквиот договор треба да се заснова на одлично поминато заедничко време.

Штом ќе почнете да се објаснувате со партнерот за работи кои не се поврзани со необврзаниот секс или ако почнете да разговарате за вашите проблеми еден со друг, целата комбинација можеби ја достигнала својата природна кулминација.

Одржувајте и негувајте ги своите гениталии

Ова во поголем број случаи не е потребно премногу да се нагласува. Тоа што сте во врска без обврски, не треба да ви е изговор да се запуштите, да пораснете како јужноамериканска прашума и да не ги негувате вашите интимни делови. Постои време и место човек малку да се опушти, но ваква врска дефинитивно не е една од нив. Во сексот без обврски треба да се вложува уште поголем напор да останете во форма и да го правите среќен вашиот партнер.

Немојте да се залепите за неа

Ова е многу важно затоа што целото постоење на ваков однос се темели на недостаток на обврски, повремен сексуален однос и доаѓа без никакво врзување. Комуникацијата би требало да остане на база на лабави средби и да биде ослободена од какви било очекувања. Штом вие и вашата партнерка почнете да си правите притисок еден на друг, оној забавниот елемент, без обврски, почнува да бледее во позадина.

Одржувајте ги работите безбедни

На крај, доколку планирате да стапите во врска без обврски, одржувајте безбеден секс, нешто што со право се наоѓа на прво место. Доколку постои една работа која загарантирано ќе ја уништи целата забава во вашата пријателска врска со бенефиции, тоа се сексуално преносливите болести или несаканата бременост.

Разговорите на оваа тема треба да ги направите што е можно порано за да се избегнат какви било непријатни изненадувања. За да се спречи а не да се лечи – користете заштита.