
Повозрасен пешак е тешко повреден откако бил прегазен на улица во Куманово.
- На 12.03.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(46) од Куманово, удрило во пешакот Ж.М.(74) од село Романовце, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово, информираа од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.