Перо Антиќ ги собра аплаузите! Го возеше на полуматура синот на покојниот другар Панчо

Синот на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина на 14. oктомври по долгаta борба по пожарот во Пулс, славеше полуматура.

На полуматурата го одведе пријателот на Панчо, Перо Антиќ, а мајката на Андреја, Маја Блажев, сподели емотивна порака.

- Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој. Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого. Твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама, стои во објавата на Маја.

Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ, пак, објави емотивно видео со синот на покојниот Владимир Блажев – Панчо. 

На социјалните мрежи Антиќ сподели фотографија со момчето со пораката: „Среќна матура лепотану“, како и видео од испраќањето на полуматурантот. Гестот предизвика бројни реакции, бидејќи Антиќ и Панчо беа долгогодишни и блиски пријатели.

Панчо зад себе ги остави синовите Андреја и Марјан, за кои често зборуваше со голема љубов и гордост.