Период на Водолиите: Сè што треба да знаете за мажите родени во овој знак

Водолиите спаѓаат во групата воздушни знаци, заедно со Вагите и Близнаците. Тие се оние кои се родени во периодот од 21 јануари до 9 февруари.

Овие мажи се карактеризираат со висока интелигенција, дружељубивост, комуникативност, авантуристички дух и силна предаденост во пријателствата и љубовта. Тие се многу шармантни личности кои сакаат активен и исполнет социјален живот, па така лесно склопуваат нови познанства и најчесто имаат силна доверба во луѓето.

По својот карактер, Водолиите спаѓаат во оние луѓе кои ја ценат индивидуалноста, слободното размислување и интелектуалните вредности. Тие се познати како личности кои не сакаат претерана блискост па тешко се отвораат дури и на своите најблиски. Нивна силна страна е лојалноста и несебичноста, односно подготвеноста секогаш да им помогнат на своите пријатели.

По правило, тие имаат широко познавање на различни теми па со нив можете да дискутирате за историја, филозофија, технологија, па и уметност и патувања. Една од нивните најсилни страни е нивната упорност и истрајност кон остварување на поставените цели, па тие никако не го ценат повлекувањето. Мажите кои се родени во знакот Водолија се истрајни и енергични и постојано ги унапредуваат своите интелектуални способности.

Иако најчесто не се суетни и одмаздољубиви, ако некогаш ги повредите ќе го сменат своето однесување и нивниот став ќе стане студен и циничен. Не сакаат конфликти и затоа ќе решат да бидат строги кон вас, па дури и да ве исклучат  од животот.

Кога се во прашање емоционалните односи, тие се карактеризираат со искреност и силна предаденост кон своите партнерки. Не се познати како големи романтичари, ниту пак како личности кои лесно ги покажуваат своите чувства па често љубовта ја покажуваат на себеси својствен начин. Од жената која ја избираат за себе  очекуваат да се прилагоди на нивните потреби, да ја прифати индивидуалноста која овој маж ја поседува и да не се труди да го контролира или гуши во врската. Жената која ќе го освои мора да биде подготвена да се прилагоди на некои негови ставови и размислувања, но и на неговиот начин на живот, но и да ги почитува неговите блиски. Важно е таа да знае колку тој ја цени искреноста во врската.

Од оваа жена, тој секогаш очекува поддршка и очекува таа да има слични афинитети во однос на интересите и дружењата. 

Жените кои му одговараат на мажот во овој знак се родени во знаците Вага, Близнаци и Водолија.