Период на Шкорпиите: Сè што треба да знаете за родените во овој знак

Шкорпиите се личностите родени во периодот меѓу 23 октомври и 21 ноември. Тоа е осмиот знак од зодијакот управуван од Плутон и Марс.

Кои се нивните главни карактеристики?

Шкорпиите се мистериозни личности кои се еден од најискрените знаци во хороскопот. Тие немаат време ниту пак трпение за лаги, измами или крадење. Ја кажуваат вистината во секоја ситуација, дури и кога е болна за некои луѓе околу нив. Шкорпиите не губат време на измешани сигнали, луѓе кои не знаат што сакаат, токсични луѓе. 

Ако некогаш им згрешите, никогаш нема да го заборават тоа. Не се плашат од конфронтација и доволно храбри се да го заштитат својот став и себеси во која и ситуација да се најдат.

Често знаат да бидат мрачни и да го менуваат расположението во секунда, но кога сакаат, сакаат интензивно. Тие се одлични пријатели и љубовници на кои секогаш можете да се потпрете. Во љубовта се многу страствени, а во пријателствата многу посветени пријатели. Немаат голем круг на луѓе околу нив, но оние кои се околу нив се внимателно избрани. 

Сите знаци се управувани од една планета, но Шкорпиите се управувани од две од нив – Марс и Плутон, можеби и тоа е причината зошто се толку интензивни. Марс е поврзан со интуицијата и изразувањето, а Плутон со работите кои ги има под површината, она што не можеме да го видиме. 

Овие планети ги прават да имаат силна страст за животот, но и силни чувства кои ретко им ги покажуваат на другите. Тие веруваат дека сè е можно и поставуваат големи цели за себеси. Често немаат граници кога сакаат да постигнат нешто и веруваат дека целта ги оправдува средствата. Никогаш не покажуваат ранливост пред другите луѓе и често се воздржани дури и пред оние кои највеќе ги ценат. Ги чуваат своите чувства за себеси и често плачат зад затворени врати. 

Тие не им веруваат на луѓето лесно и затоа ретко се отвораат. Мислат дека другите секогаш имаат задни намери и никогаш не сакаат да изгледаат слабо пред другите. 

Тие се лојални, страствени, аналитични и динамични, но често знаат да бидат посесивни и љубоморни. Знаат да чуваат бес долго време и да планираат одмазда особено ако многу сте ги повредиле. 

Независни се и храбри и не им требаат другите луѓе за да успеаат. Дури и кога ќе влезат во врска, сакаат простор за себеси. За некои од нив е тешко да останат во врска или во пријателствата посебно поради нивните чести промени во расположението. Често градат ѕидови околу себе, но тоа не значи дека се анти-социјални. Знаат да ги слушаат другите и да понудат совет, но многу ретко ќе споделат нешто за себеси. Не навлегуваат во озборувања и што и да знаат го чуваат за себеси. 

Тие се чувствуваат пријатно само кога се оние кои ги контролираат работите. Некогаш им е тешко да ги видат двете страни на приказната и веруваат дека  е вистинско само она што тие го знаат и чувствуваат. Дури и да се обидете да го промените нивниот став, ретко кога ќе успеете во тоа.