
67-годишна скопјанка е тешко повредена откако во неа удрило возило на скопска раскрсница.
- На 11.09.2025 во 08:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Дебарска“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.И. од Гостивар, удрило во 67-годишната Т.Н. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.