
Во општина Бутел во тек е Јавен повик за доделување на еднократна финансиска помош и поддршка во висина од 2.000 денари на најранливата категорија на пензионери со минимална пензија.
Истиот ќе биде отворен до 24.февруари.
Потребната документација може да се достави секој работен ден во просториите на општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот. Право на финансиска поддршка ќе остварат: Граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на општина Бутели се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари, информираат од локалната самоуправа.
Исплатата ќе биде на принцип “прв дојден - прв услужен”.