Пензионер до министрите: Ќе ви ја дадам мојата пензија од 12.000 денари да видиме дали ќе преживеете

Пензионерите од Свети Николе денеска беа на протест на кој побараа зголемување на пензиите за 3.500 денари.

Еден пензионер им предложи на министрите барем на еден месец да си ги заменат платите, односно тој да им ги даде своите 12.000 денари, а министрите нивната зголемена плата од 78 отсто.

- Ако можат да преживеат со 12.000 денари, тогаш ќе се смениме еден месец. Тие нека ни ја дадат нивната плата, а ние ќе им ја дадеме нашата пензија. Доживотно ќе му ги дадам моите 12.00 денари, па нека живее, вели пензионерот.