Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, положи цвеќе пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи.
Овој настан се одвиваше дворот на поранешниот скопски Монопол, од каде на 11 март 1943 година македонските Евреи биле однесени во логорот Треблинка. Претставник од Кабинетот на претседателот исто така положи цвеќе и на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци на НОБ.