Пченична трева – најголемиот сојузник против ракот

За пченичната трева одамна е познато дека го подобрува здравјето на целокупниот организам.

Таа го јакне имунолошкиот состав, го чисти телото и го намалува ризикот од многу заболувања. Во традиционалната медицина се користи за различни тегоби, од тврда столица до ревматски болки.

Пченичната трева или позната како и зелено жито е млада трева од пченица. Таа е целосно природен извор на витамини и антиоксиданти, вклучувајќи и витамин А, Е и Б12, калциум, селен, магнезиум и железо.

Поради ваквите состојки таа се користи во борба против зачестените здравствени состојби, вклучувајќи ги настинките, кашлицата, проблемите со варењето, па и кожните болести. 

Некои луѓе ја користат свежата пченична трева, а други пак правот од неа, кој може да се најде во продавниците за здрава исхрана. Може да се комбинира во различни сокови, па и самостојно во топла вода, но нејзиниот вкус не е најпријатен. Кога се додава во млака и топла вода, особено е корисна за подобрување на метаболизмот и варењето на храната. 

Според истражувањата на др. Џорџ Ерп Томас, дневните потреби за минералите и витамините можат да се постигнат со конзумирање на 40 мл сока од пченична трева. На пример, таа има 100 пати повеќе витамин Е од спанаќот, а 10 пати повеќе витамини Б1 од бананата.