Пчеларски саем на плоштад „Македонија“

„Вториот пчеларски саем на Македонија“ ќе се одржи од денеска до недела на централниот плоштад во Скопје.

Главен покровител и домаќин на овој саем е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија.

На поставените штандови на плоштадот „Македонија“, информираат организаторите, ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава, како и пчеларска опрема.