Пазарџиите можат да здивнат, Законот за пазари замрзнат на една година

Пратениците изгласаа да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари за една година. За одложување на законот гласаа 57 пратеници, а 12 беа против. Опозицијата бараше законот целосно да биде укинат, но не го доби тоа.

Одложувањето на примената на законот, уследи откако пазарџиите излегоа на протестипоради измените на законот според кои тие требаше да плаќаат 60 евра за лиценца, а на пазар не ќе може да работат пензионери и хонорарци.

Пазарџиите и владата ќе имаат една година за да се усогласат и да направат нов предлог закон.