Патувате во странство? Еве како патничкото осигурување ви обезбедува сигурност кога најмногу ви е потребна

 

Патувањата ни носат нови места, нови луѓе и незаборавни моменти.

Photo by Irewolede on Unsplash

Но, колку и да е добро испланирано едно патување, секогаш постојат ситуации кои не можеме да ги предвидиме. Болест, повреда или друга непријатност се ситуации можат да се случат кога најмалку ги очекуваме, особено кога сме далеку од дома. 

Иако никој од нас не сака да размислува за непријатни сценарија пред одмор, реалноста е дека тие можат да му се случат секому. Настинка која бара лекарски преглед, повреда за време на прошетка, алергиска реакција, изгубени документи или потреба од итна медицинска помош се ситуации кои можат да се случат на секој од нас. Во такви моменти, најважно е да знаете дека не сте сами и дека имате поддршка.

Токму затоа постои патничкото осигурување. Неговата цел не е само да покрие одредени трошоци, туку и да ни овозможи поголемо чувство на сигурност додека патуваме. Наместо да се грижиме како ќе платиме неочекуван медицински преглед или болнички третман, можеме да бидеме спокојни знаејќи дека, во рамките на покритието од полисата, овие ситуации се финансиски обезбедени.

Многумина од нас не се свесни дека медицинските услуги во странство можат да бидат исклучително скапи. Во некои земји, дури и еден итен преглед или неколку часа престој во болница можат да чинат стотици или илјадници евра. Важно е да се знае и дека доколку е потребен посериозен третман, медицински транспорт или хоспитализација, трошоците можат дополнително да се зголемат. Патничкото осигурување е создадено токму за вакви непредвидени ситуации, за тие да не се претворат во голем финансиски товар.

Photo by Weiqi Xiong on Unsplash

Во зависност од видот на полисата, патничкото осигурување може да опфати и дополнителни услуги. Често може да се јави потреба и за организирање медицинска асистенција, покривање на итен медицински транспорт, помош при предвремено враќање дома поради сериозни семејни причини, како и други покритија кои може да се неопходни за време на престојот во странство. Затоа секогаш е препорачливо пред патувањето внимателно да ги проверите условите и обемот на осигурителното покритие.

Патничкото осигурување не е трошок што го правиме затоа што очекуваме нешто лошо да се случи. Тоа е начин однапред да се погрижиме за себе и за луѓето со кои патувме. Кога знаете дека имате финансиска и организациска поддршка доколку се појави неочекуван проблем, многу полесно е да се опуштите и да се посветите на она што е најважно – да уживате во патувањето и во сите искуства што ги носи.

Патничкото осигурување не ги спречува непредвидените ситуации, но значително ги намалува нивните последици. Уште поважно, ги намалува грижата и стресот што ги носат ваквите моменти, бидејќи знаете дека имате финансиска и организациска поддршка кога најмногу ви е потребна. Така можете со поголем мир да се посветите на она што е вистинската цел на секое патување – да уживате, да истражувате и да создавате незаборавни спомени.