Патроли, камери за видео надзор и безбедни зони околу училиштата, ветува Лукровски за Карпош

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сотир Лукровски со предлог проект кој наиде на поздрав од страна на родителите. 

- Ќе обезбедиме повеќе патроли низ општината, нови камери за видео надзор и безбедни зони околу училиштата. Сакаме родителите да бидат спокојни, а учениците да растат и да учат во сигурна средина. Карпош мора да биде општина каде што секојдневието е безбедно за сите генерации. Така и ќе биде! - вети Лукровски. 

Ова предизборно ветување е нешто кое недостасува на цело Скопје, не само за Карпош, за да родителите бидат спокојни, а децата безбедни, реагира еден карпошанец.