Патриоти меѓу ѕвездите - Кој сѐ од јавните личности кажа „НЕ“?

Протестите против францускиот предлог во центарот на Скопје веќе цела недела се во фокусот на јавноста.

Меѓу приврзнаниците на идејата за зачувување на идентитетот и јазикот се и голем број јавни личности!

Пејачи и пејачки, актери и актерки, инфлуенсери...Кој се од познатите изразија поддршка за гласното „НЕ“ за ултиматумот кој се наметува на нашата земја.

Миа Костова, поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка, е меѓу најгласните на социјалните мрежи. Не е физички присутна на протестите, но секојдневно на социјалните мрежи ја изразува својата поддршка за протестите.

-Прв пат во живот би излегла на протест и би земала со себе сѐ што познавам. Многу ми е криво што не сум во Македонија! Недозволиво е вечерва да останете дома! – порача таа уште не првиот ден од протестите.

Ребека Јанковска Ристевски беше дел од протестите заедно со своите синови. Таа и пееше и беше говорничка пред една група на демонстрантие пред Собранието.

-Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: „…Немаме резервна татковина, Македонија ни е сѐ, лулка и татковина!“ Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никого не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Призајте!. – порача Ребека во својот говор.

Весна Бејби Петрушевска исто така беше дел од протестите.

-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина,идентитетот е нешто за кое не се преговара.Ова е наша работа за сите нас.Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура...велат не се секирајте "бетониран е јазикот". Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот? – порача актерката.

И актерката Ирена Ристиќ, постојано, го крева моралот на Македонците!

-Во моментов против Македонија и нејзините граѓани се води специјална војна. Сите сили се впрегнати да издејствуваат потпишување на срамниот договор кој ни го сервираше едно француско маже со едипов комплекс во соработка со неколку бугарски мажиња со историја на комплекси (или комплекси од историјата, како сакате), сето тоа зачинето со срцепарателни повици за прифаќање од разни странски и домашни мажиња, како последна шанса за нас. Демек прифати или ќе те нема. Хм, арно ама тие не ја научиле лекцијата за табиетот на Македонецот кој и покрај сиот притисок, вриеж и нејаснотии, и покрај сите противречности со кои не бомбардираат, и покрај целата машинерија од Запад па и од Исток, ако сакате, и покрај сите качулки, провокатори и пиштолџии, не потклекнува зошто во генот носи сеќавања за слични моменти во историјата и затоа не е лесно да го излажеш. Македонците се меки но жилави и издржливи, а богами знае и инает да ги фати понекогаш, е тогаш... Горда сум на свеста што ја покажуваме како народ во овие моменти, само таа не одржувала низ вековите, и сега е нашето најсилно оружје, гласи една нејзина објава на социјалните мрежи.

Ламбе Алабаковски со изведба на макеоднската химна го отвори првиот ден од протестите и порача: 

-Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка!

Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.