Паштета е најевтина во Македонија од сите земји во регионот - Славески појаснува зошто е тоа така?

Професорот по економија Трајко Славески, преку објава на платформата „X“ вели дека кога се споредува нивото на животен стандард меѓу две земји треба да се има во вид куповната моќ на парите во двете земји. 

- Како ќе ги објасните разликите во цените на еден хомоген (истоветен) производ, кокошкина паштета “Аргета” од 95 грама ,производ на “Atlantik Droga Kolinska” од Љубљана, Словенија, на просторите на поранешната СФРЈ (плус Хамбург, Германија)?

Цените се изразени во евра, за online продажба:

Македонија - 0,80 € (Ramstore)

Србија - 1,20 € (Idea)

Хрватска - 1,39 € (Konzum)

Словенија - 1,49 € (Merkator)

Германија - 1,65 € (Adria Store, Hamburg). 

- Повисоки плати, цени на деловен простор и закупнини и можеби повисок ДДВ кај поразвиените држави, Хрватска и Словенија, како трошоци. Поголема куповна моќ на населението на страната на побарувачката и можност за повисоки маржи. Може да има улога и структурата на пазарот од аспект на конкуренцијата меѓу трговците, а и политиката на државата од аспект на заштита на сопствено прпизводство, при што не се дозволува увоз. Кај нас увозот на овој тип храна, како во примерите, е либерализиран, затоа што немаме сопствено производство, појаснува Трајковски.