Паркирал покрај ѕидот на соседот, ѕидот се срушил и му ги оштетил возилата

На 11.10.2021 во 21,15 часот Б.И.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на ул.“Дижонска“ оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје.

Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил. Од полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот.