Парк со дрвја кои ќе го зацврстат земјиштето - Центарци со идеја за свлечиштето на „Христо Смирненски“

Дел од граѓаните на Центар сметаат дека на местото каде треба да се гради нова зграда, со оглед дека земјиштето е склоно кон свлечишта, добра идеја е да се направи парк. 

Станува збор за просторот на улицата „Христо Смирненски“, каде а 25.мај при ископ на градежна јама за нов објект за малку беше избегната трагедија. Според информациите од МВР, при изведување градежни работи со багер дошло до свлекување на земјиштето, при што работната машина била затрупана. Возачот успеал навреме да излезе и не бил повреден. 

Нова зграда или можеби на ова место има надеж за мал парк?

- Епицентарот на свлечиштето не го бива за зграда, дали треба да се затрупа и да се направи ПАРК, макар мал? Да се засадат дрвја чии корени ќе го зацврстат земјиштето кое цело време го подриваат подземни води, заради што и се отвори земјата. Tака најдобро ќе се заштитат и околните згради кои за малку не ги проголта земјата кога ја отворија „инвеститорите“, споделија жители во фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец“. 

- Ако мислите дека Општина Центар - Скопје и Град Скопје треба овде да направат паркче, споделете ја објавава. И тагнете ги Горан Герасимовски и Орце Ѓорѓиевски - додаваат во фејсбук групата.