Park Hotel & Spa втора година по ред вистински пријател на најголемиот спортски празник на градот

Исполнето со одлична атмосфера благодарение на организаторите, поддржувачите и големиот број на учесници, официјално заврши и 14-то издание на Виз Ер Скопски маратон. На најмасовниот настан во Македонија оваа година учествуваа повеќе од 10.000 натпреварувачи од над 50 земји.

Park Hotel & Spa по втор пат, оваа година беше генерален партнер на Скопскиот маратон, место каде што се собира светската елита на маратонци како Паула Редклиф, феномените во спортот сестрите Леила, Лина и Лили како и други вљубеници на овој настан кои веќе станаа редовни гости во хотелот во месец мај.

Во изминатиот период хотелот заедно со неговите outlet-и беше центарот на случувањата на најголемиот спортски настан во Македонија, место на кое се спроведуваа сите настани и активности поврзани со овогодишниот маратон.

Дел од нив беа:

* 3-те прес-конференции од кои на организторот, на Град Скопје и на Проект Среќа

* Маратон Експо во Фор со рекорден број од над 10.000 маратонци оваа година

* Хуманитарна Паста парти во Твинс каде Park Hotel & Spa, Италијанската Амбасада, Проект Среќа и организаторот, организираа акција “Здраво Шампиони,, со која донираа за децата кои живеат во социјален ризик

* Fitness Park – организираше загревање на стартната цел за сите учесници на Скопскиот Маратон

Активно учество на маратонот оваа година во уште поголем број од минатата имаа и 50-тина вработени на Парк Хотел и Спа, Гемак, Парк Резиденс и со тоана уште еден начинја поддржааоваа манифестација и го афирмираа здравиот начин на живот.

Скопскиот маратон секоја година ги надмина рекордните границите а со тоа прерасна во најпопуларното спортско случување во градот, кое поддржува здрави навики и сплотува различни профили кои се љубители на трчањето.